Правила на користење

РЕКЛАМАЦИЈА НА ПРОИЗВОД
Во случај од било која причина да не сте задоволни од производите,а ако и само ако истите (гумите) се немонтирани и невозени, може да се заменат или да се вратат во рок од 7 дена од приемот, и вашите пари ќе ви бидат вратени. 
За да го остварите ова право, треба да го испратите вашиот производ неоштетен во оригиналното пакување со сета опрема и документација со која производот бил при првичната испрака. 
Со самиот потпис на документот купувачот се согласува на квалитативен и квантитативен прием на стоката.
Ако производот е со одреден дефект и е во рамките на гарантниот период, купувачот треба да јави на овластен сервисен центар во согласност со инструкциите на гаранција. 
Доколку увидите дека производот по испораката не е во исправна состојба, контактирајте не и ние ќе се потрудиме што е можно поскоро неисправниот уред да ви биде заменет со нов.

Регистрирање на Гуми.мк
Gumi.mk со цел да ги испорача бараните производи ви овозможува 2 начини за извршување на нарачката. Првиот начин е без регистрација во нашиот систем, а вториот начин е со регистација и креирање на корисничко име и лозинка. При комплетирање на наплатата од купувачите се бара да ги внесат следниве податоци: име, презиме, е-mail адреса, корисничко име, лозинка. телефонски број,  со цел за полесно комуницирање при доставата.

Чувањето на податоците е согласно со сите закони за лични податоци во Република Северна Македонија и се опишани во нашата Политика за приватност.

Вашите поплаки и незадоволства можете да ги пријавите на info@gumi.mk. Потрошувачот треба да го знае бројот на сметката или корисничкото име за да можеме да ја провериме вашата нарачка.

ЕВРОПСКИ КОДЕКС ЗА ОДНЕСУВАЊЕ
The European Code of Conduct
The European Code of Conduct serves as a collective minimum standard for the cooperation of companies supplying Internet trustmarks.
Each supplier uses its own list of criteria that surpasses the minimum requirements of the collective Code of Conduct and also meets specific national features.
www.euro-label.com/en/code-of-conduct/index.html

Цени на производи
Сите цени на сајтот gumi.mk се со вклучен данок на додадена вредност од 18%.

Гаранција на производи
Производите (гумите) подлежат на фабричка гаранција и истите се сметаат се сметаат за нови ако и само ако не се постари од 5 години од датумот на производство до датумот на продажба. 
Ако производот е со одреден дефект и е во рамките на гарантниот период, купувачот треба да јави на овластениот сервисен центар во согласност со инструкциите на гаранција.Доколку производот е неисправен и треба да се сервисира, ве молиме да ја проверите документацијата од овластениот сервисен центар кој е вклучен со вашиот производ и истовремено, постапете во согласност со инструкциите на овластениот сервисер.Ако порачаниот производ е неисправен, и не одговара на описот на страницата, или едноставно, не ги исполнил очекувањата на клиентот, можете во рок од една недела од добивањето на артиклот да направите замена или враќање на производот. По истекот на една недела, клиентот треба да ги следи инструкциите кои се зададени во гаранцијата. Доколку имате било какви прашања или ви се потребни појаснувања контактирајте не на еmail на info@gumi.mk
Прибирањето на сите податоци од оваа интернет страна се во согласност со законите за заштита на личните податоци.

Гуми.мк го заджува правото за откажување на порачката поради неможност да се испорача производот. За било какви прашања и недоразбирања слободно контактирајте не.